Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Италија

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Италија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре – 6 ноември 2019 година, среда, ќе престојува во официјална посета на Република Италија.

Претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Стево Пендаровски ќе оствари средба со претседателот на Долниот Дом на италијанскиот парламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за Европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на Комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со Република Северна Македонија.

Во рамки на официјалната посета на Република Италија, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Факултетот за политички науки, социологија и комуникации на Универзитетот Сапиенца во Рим.

Прочитајте повеќе

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава голем број шумски пожари повеќепати излегоа од контрола низ целата земја, а како одговор …