Претседателот Пендаровски во посета на ОOУ „Единство“ во Гостивар

Претседателот Пендаровски во посета на ОOУ „Единство“ во Гостивар

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети ОOУ„Единство“ во Гостивар, каде беше запознаен со условите и начините на кои се одвива инклузивното образование во училиштето.

За време на посетата, образованиот кадар го информираше претседателот Пендаровски дека ова училиште го посетуваат седум деца со попречености, кои покрај редовната настава, имаат можност за приспособени и индивидуални часови со стручен кадар, односно со дефектолог и психолог. Воедно, беше посочено дека децата имаат можност да ја користат и новоадаптираната училница која е опремена со потребни реквизити, дидактички материјали и средства и дека се веќе обезбедени образовни асистенти кои работат со две од децата.

Претседателот Пендаровски ги поздрави преземените чекори во училиштето и изрази очекување дека новосоздадените услови ќе придонесат во развојот на вештини и способности кај децата со различен развоен процес со што ќе се поттикне нивната образовна инклузија. Во таа насока, претседателот Пендаровски уште еднаш ја потенцираше важноста од сензибилизирање на јавноста по овие прашања и посочи дека треба да се преземат заеднички напори и во сите останати училишта во земјава, со цел обезбедување на еднаков пристап и прифаќање на децата со атипичен развој во редовното образование.

Ова е втора посета на претседателот Пендаровски на ООУ „ Единство“ во Гостивар, откако во февруари годинава беше запознаен со предизвиците со кои се соочува семејството на ученичката со атипичен развој Ембла Адеми во процесот на образование и можностите за нивно надминување.

Денеска, во рамки на посетата на училиштето претседателот Пендаровски оствари средба со родителите на Ембла, кои му се заблагодарија за севкупната негова поддршка и во знак на благодарност му подарија заедничка фотографија со Ембла од претходната посета.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …