Претседателот Пендаровски во посета на општина Демир Хисар во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Пендаровски во посета на општина Демир Хисар во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Претседателот Стево Пендаровски вчера ја посети општина Демир Хисар во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

За време на посетата, претседателот Пендаровски во селото Слоештица ја посети спомен-собата на големиот македонски писателот Петре М. Андреевски, сместена во некогашниот Задружен дом, кој се реконструира и ќе прерасне во нов Мултифункционален центар. Претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните работи на објектот, како и со плановите во спомен-собата, покрај дела од писателот Андреевски, да бидат изложени и негови лични предмети кои ги подари неговото семејство.

Во селото Слепче, претседателот Пендаровски го посети манастирот Св. Јован Претеча, каде беше запознаен со историјатот на манастирот, кој меѓу другото, бил и значајно црковно и манастирско средиште на Охридската Архиепископија, а низ неговата богата историја оформил и богата библиотека со вредни ракописи и книги за богослужбена употреба. Денес манастирот ја продолжува издавачката дејност и творештвото на нова химнографија, а ја возобновува и резбарската школа со автентичен стилски израз. Сестринството се занимава и со сточарство, пчеларство  и земјоделство.

Претседателот Пендаровски, во село Бабино, ја посети библиотеката „Ал-Би“, во приватна сопственост на Стево Степаноски. Библиотеката е резултат на 140 годишна семејна традиција во колекционерство. Најстарата книга е Арапски речник од 1307 година. Вкупно во библиотеката има над 20.000 наслови и брои 3.000 читатели од кои голем број видни академици, а има и членови од странство. Во состав на библиотеката има и етномузеј и амфитеатар на отворено.

Во селото Слепче претседателот Пендаровски го посети домот на Гоце Трајчевски, кој е неодминливо место за посета од домашни и странски туристи. Тој дава и личен придонес за инфраструктурното уредување на целото село.

Преку „Лице в лице со Претседателот“ претседателот Пендаровски остварува неформални средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во локалната заедница и во општеството во целост. Целта на проектот е ваквите поединци да станат повидливи, истакнувајќи го нивниот труд и несебичен влог во работата.

Прочитајте повеќе

полиција полицајци

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

Тие се сомничат дека на 04.07.2024 околу 23.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, при …