стево прендаровски претседател

Претседателот Пендаровски во работна посета на Република Турција

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе otpatuva во работна посета на Република Турција, по повод учеството на Самитот на Претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.

Во петок, 18 јуни 2021 година, претседателот Пендаровски ќе учествува на Анталија дипломатскиот форум кој се одржува за прв пат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“. На форумот, претседателот Пендаровски ќе говори на претседателската панел дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“.

Во сабота, 19 јуни 2021 година, претседателот Пендаровски во Истанбул ќе оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …