Претставена 4 генерација на Шкода Фабија

Се прашувате што има ново? Безмалку се! Шкода го разви дизајнот на новата Фабија во насока на нејзините поголеми браќа од брендот. ЛЕД-светлата се особено впечатливи, а динамичкиот изглед на каросеријата е придружен со одличен коефициент на отпорност на воздухот (0,28). Новата Фабија сега вози на платформата MQB A0, што, на крајот на краиштата, ги означува новите модели од групацијата Фолксваген. Ова создаде уште помала маса, но и повеќе простор за патниците.

Новата Фабија е со поголеми димензии, должината и е 4.108 мм (трета генерација 3.992 мм), ширина е 1.780 мм (трета 1732 мм) и висока 1.460 мм, додека меѓуоскиното растојание е 2.564 мм.

Шкода остана практичен автомобил и по сите овие години. Чесите повторно покажаа како се стигнува до вселената. Така, новата Фабиа, за споредба, има багажник како осмата генерација на Голф, со волумен од 380 литри, што е за 50 литри повеќе од претходната верзија на Фабија.

Во внатрешноста има волан со два крака, како на Октавија  а делот за забава е обезбеден од виртуелен кокпит од 10,2 ″ и дел за инфо-забава од 9,2 ″ (со доплата).

Новата генерација на Фабија нема да има TDi мотори во понудата. Понудата на бензински  мотори започнува со  класичен 1.0-литарски атмосферец од 65 и 80 КС, но поголема забава во зозењето ќе побезбеди бензинецот 1.0 TSI во верзии од 95 и 110 КС. Врв на понудата ќе биде моќниот 1.5 TSI со 150 КС. Љубителите на автоматски менувач ќе имаат на располагање менувач DSG на одредени верзии.

Во поглед на безбедноста, Новата Фабија направи голем чекор напред, Чесите веќе ја поврзуваат Фабија со полуавтономно возење по автопат. Значи, сите технологии што ги красат Камик и Октавија сега се дел од „малата“ Фабија.

 

Прочитајте повеќе

Skoda Superb

Претставена новата Škoda Superb: Повеќе простор и удобност, шест ефикасни погонски единици и иновативни безбедносни системи (ВИДЕО)

Четвртата генерација на Škoda Superb се надоврзува на јаките страни на својот претходник, нудејќи уште …