Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство во посета на Делчево

Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство во посета на Делчево

Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Целта на посетата беше да се разменат искуства и да се дадат иницијативи за идна соработка во повеќе сфери.

  За време на средбата, градоначалникот Трајковски го истакна долгогодишното пријателство на Делчево со Борнова и соработката која посебно се одвива на културен план, но и потенцираше дека оваа средба дава добра основа за продлабочување на соработката во сите полиња на живеењето.

– Нивниот примарен интерес се однесува за збогатување на културната размена и соработката, но и за евентуални инвестиции во областа на текстилот, дрвопреработувачката индустрија, фотоволтаици и енергетско ефикасно искористување на сончевата енергија и сл. Како градоначалник давам максимална поддршка на реализација на проектите кои претставуваат заеднички интерес, посебно потенцирам на пакетот поволности за инвестиции во ТИРЗ. Сакам да истакнам дека Општина Делчево широко ги отвора вратите за нашите пријатели од збратимената Борнова и секогаш се добредојдени во нивниот роден крај, истакна Трајковски.

Претставниците од Здружението од Борнова ја посетија ТИРЗ со цел да се запознаат со условите за инвестиции.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …