Претстојниот викенд Скопје ќе биде домаќин на Европскиот јуниорски куп во џудо

Претстојниот викенд Скопје ќе биде домаќин на Европскиот јуниорски куп во џудо

На 8 и 9 август, во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Европскиот јуниорски куп во џудо, еден од најзначајните меѓународни настани за млади џудисти.

На турнирот ќе настапат 346 џудисти од 34 држави, кои ќе ги одмерат силите во борба за што повисок пласман и вредни бодови на европската сцена.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел, од 10 до 12 август ќе се одржи меѓународен тренинг камп, на кој учесниците ќе имаат можност да тренираат заедно, да разменат искуства и да ја подигнат својата спортска форма со врвни џудисти од Европа.

Ова е одлична можност сите љубители на спортот и џудото да бидат дел од овој голем меѓународен настан и да ги поддржат младите натпреварувачи.

Прочитајте повеќе

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Слично како и претходните години, и оваа година со доаѓањето на печалбарите во последните два …