Превозниците наместо со Арсовска бараат средба со премиерот, а тој не прифаќа да разговара под притисок и уцени

Превозниците наместо со Арсовска бараат средба со премиерот, а тој не прифаќа да разговара под притисок и уцени

Приватните автобуски превозници кои протестираат на булеварот Илинден кај бараките на Град Скопје откако ги тргнаа блокадите на крстосниците кај трговскиот центар Мавровка и кај Црвенот крст бараат да бидат примени во Владата бидејќи градоначалничката Данела Арсовска одбива да разговара со нив. Дополнително, тие се заканија дека ќе ги радикализираат протестите ако тоа не се случи.

Сепак, премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција обвини дека  ВМРО-ДПМНЕ е причината за заглавениот град и најави дека е можна средба со приватните превозници, но под одредени услови.

„Не под притисок и не под уцена. Прво треба да ги ослободат улиците и да им ги вратат на граѓаните. Второ, на состанокот мора да има и надлежни органи од Град Скопје. Трето, тука станува збор за должничко-доверителски односи меѓуи приватни компании и јавно претпријатие кое е во надлежност на градот“, рече Ковачевски.

Приватните превозници од Слобода превоз и од Макекспрес протестот го започнаа пред две недели со блокада на главниот град и побараа да им бидат исплатени наводни долгови за да можат да почнат повторно со работа. Градоначалничката Арсовска негира дека им должи пари.

Откако од Град Скопје не добија одговор на нивните барања на 5 декември ги паркираа автобусите на неколку клучни точки во градот, односно на крстосниците пред ТЦ Мавровка, кај Црвен крст и на булеварот Илинден. По четири дена измачување поради блокадите и раскопаните улици, протестот продолжи само на булеварот Илинден.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

До Солун со 200 километри на час, за 2,5 милијарди евра

Проценките се дека брза пруга би чинела до 2,5 милијарди евра, а за да биде …