Прилеп: 965 активни случаи на коронавирус, 107 лица се наоѓаат на болничко лекување

Прилеп: 965 активни случаи на коронавирус, 107 лица се наоѓаат на болничко лекување

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 17-ти до 23-ти ноември, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 17 до 23-ти ноември, во општина Прилеп имало 425 нови случаи на коронавирус;
  • Од последици на коронавирусот, починале 18 лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 965; 811 лица се наоѓаат на домашно лекување, 107 на болничко, а 47 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓаат 53 пациенти;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.164 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 2.608;
  • Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 114 лица.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …