Прилеп: Деветмина излекувани и тројца новозаболени од коронавирус

Прилеп: Деветмина излекувани и тројца новозаболени од коронавирус

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 6-ти мај:

  1. Во општина Прилеп денеска се евидентирани 3 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 9 пациенти се излекувани од оваа заразна болест. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и Пласница;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 11 се позитивни на коронавирус, а 5 пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Заради потешката клиничка слика, двајца пациенти се испратени на лекување во болницата „8.Септември“ во Скопје;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 241 лице;
  4. Во изминатото деноноќие забележан е еден случај на нарушување на полицискиот час.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …