Прилеп: Директорски смени во три општински институции

Прилеп: Директорски смени во три општински институции

Од официјални избори, ПУБЛИКУМ дознава дека до крајот на оваа седмица, ќе се случат смени во три општински институции во градот под Марковите кули: ЈКП „Комуналец“, СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“.

Нов директор на ЈКП „Комуналец“- Прилеп ќе биде машинскиот инженер, Сашо Велески. На директорското место во Гимназијата „Мирче Ацев“ доаѓа професорката по англиски јазик, Весна Миланоска, додека професорката по стручни предмети и практична настава, Петра Лукароска, ќе биде назначена за прв човек на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.

Како што дознаваме, смените на директорските позиции се во насока на зајакнување на административните капацитети на институциите и подобрување на нивното работење.

Очекувањата се дека промените на челните позиции во различни институции овде нема да завршат. Според најавите, во најскоро време ќе следуваат смени на директори и раководители во уште неколку општински и државни институции, подрачни единици на министерства, односно секаде онаму каде се констатирани одредени слабости во нивното функционирање.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …