Прилеп домаќин на интернационалната изложба на расни кучиња

Прилеп домаќин на интернационалната изложба на расни кучиња

Градот под Марковите Кули викендов е домаќин на 18-та интернационална
изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ 2018“, во организација на прилепското
кинолошко друштво. Изложбата ја отвори градоначалникот Илија Јованоски,
посакувајќи им добредојде и фер натпревар на сите сопственици чии што
домашни миленици се учесници во оваа изложба.

„Задоволство е да се присуствува на денешната 18-та меѓународна изложба на
расни кучиња што традиционално се одржува кај нас. Особено ми е мило што
има учесници од цела Македонија, од соседните држави: Грција, Бугарија и
Србија и други европски земји. Прилеп со оваа изложба зазема значајно место
на кинолошката мапа во Европа, затоа оваа манифестација треба да продолжи
да ја негува традицијата“, порача градоначалникот Јованоски.

Според претседателот на прилепското кинолошко друштво, Марјан Тренкоски
во оваа изложба учествуваат расни кучиња од преку 20 европски држави.

„Прилеп е еден од најстарите градови со традиција за одржување на вакви
кинолошки манифестации. Значењето на оваа манифестација за градот е
големо. Согласно традицијата, на оваа изложба се пријавени над 430 кучиња
од преку 20 земји“, изјави Тренкоски.

На оваа интернационална изложба на расни кучиња се натпреваруваат
учесници од: Србија, Бугарија, Грција, Романија, Австрија, Унгарија Шветска,
Косово, Италија, Франција, Чешка, Словачка, Хрватска, како и повеќе градови
во државата.
„Петнаесет години сум овде, само минатата не учествував со својот миленик.Прилеп е преубав град, оваа е преубава манифестација, секоја година е многу убаво овде“, изјави Урош Голубовиќ од Србија.

„Ова е една од најубавите изложби во Македонија, со многу добра
организација, на добра локација. И атмосферата е многу пријатна. Освен што
доаѓаме на изложба и правиме шампиони, ние се забавуваме“, изјави Нела
Шанкова од Бугарија.

Според очекувањата на гостите, изложбата ќе помине во пријатна и
релаксирана атмосфера, како што велат планираат убав и богат кинолошки
викенд.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …