Прилеп домаќин на симпозиумот за патронажната дејност во Македонија

Прилеп домаќин на симпозиумот за патронажната дејност во Македонија

Во организација на Унијата на Здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) „За нас“, денеска во Прилеп се одржа симпозиум за патронажната дејност во Македонија, при што беше формирано и првото Друштво на патронажни сестри.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски им честиташе на патронажните сестри на  храброста и одлучноста да се организираат во едно вакво Здружение, кое во иднина ќе го најде своето место во општеството.

Прилеп домаќин на симпозиумот за патронажната дејност во Македонија„Јас сум дел од здравствениот систем како лекар, и научив што значи патронажа уште пред 37 години, кога за прв пат се вработив како лекар на село. Јас знам што значи патронажна служба и колкава е важноста на патронажната сестра. Кога се зборува за оваа служба, секогаш во Светската здравствена организација се поистоветува семејството со општеството. Велат, нивото на развојот на општеството соодветно го промовира развојот на патронажната служба во дадената земја. Ова е ваша можност да го подигнете нивото на патронажната служба малку повисоко од општественото живеење. Убеден сум дека ќе соберете храброст и дека со вашата сила и со ентузијазмот што го имате, оваа шанса ќе ја искористите“, изјави во своето обраќање градоначалникот Јованоски.

Претседателката на Унијата на ЗМСТАС, Горданка Бешлиовска рече дека не било лесно да се дојде до еден ваков момент, но нивната истрајност и упорност била поголема од сите проблеми со кои се соочувале.

Прилеп домаќин на симпозиумот за патронажната дејност во Македонија„Унијата во овие две ипол години обедини 5.500 медицински сестри. Овде со нас се сестрите од Скопје до Гевгелија, посебна благодарност до Здравствениот дом и Општата болница од Прилеп, посебно до патронажната служба при Здравствениот дом, кои толку многу се потрудија на ваков начин да бидеме дочекани. Кога имаме разбирање од лекарите, градоначалниците и претставниците на здравствените институции, тоа значи дека ќе ги постигнеме нашите цели кои што се единствени а тоа е да се формираме во законот на нашата сестринска професија во која треба да се потврдат нашите интервенции. Ние сме присутни во три нивоа со нашите пациенти, ние сме зависна, независна и меѓузависна соработка со нашите пациенти, кои се суштината на нашето постоење“, истакна Бешлиовска.

Во името на Здравствениот дом – Прилеп, на присутните им се обрати и главната сестра на патронажната служба, Весела Чупетреска.

На симпозиумот беа  прикажани и 4  презентации на тема: „Патронажна дејност во РМ: 30 години по унапредување на дејноста од бивалентна во поливалентна и 15 години од проектот на СЗО и УНИЦЕФ“, „Друштво на патронажни сестри – иницијатива, процес и одлука за формирање“, „Профил на современа патронажна сестра“ и „Грижата за доенчето и мајката од првиот ден по раѓањето“.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …