Прилеп ги доби првите 12 лиценцирани асистенти за лица заболени со Алцхајмерова болест

Прилеп ги доби првите 12 лиценцирани асистенти за лица заболени со Алцхајмерова болест

Со завршувањето на тримесечната обука за возрасни која се спроведуваше во СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп ги доби првите 12 лиценцирани асистенти за лица заболени со Алцхајмерова болест. Обуката се спроведуваше три месеци, почнувајќи од 20 јануари, со реализирани преку 250 часа, од кои 30 отсто за теоретска, а 70 за практична обука во кабинет и во домовите на лицата со Алцхајмерова болест.

За што поуспешна реализација на проектот на УНДП, беа формирани тимови кои заедно со Центарот за образование на возрасни и Центарот за средно стручно образование, изработија специјализирана програма по сите стандарди во сферата на образованието.

Петра Лукароска, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“, вели дека Програмата за асистент на лица со Алцхајмерова болест е верификувана и признаена од МОН, како образование за возрасни.

„Алцхајмеровата болест најмногу се јавува кај лицата од 65 години и повозрасни. На тие лица секогаш им треба некој што ќе се грижи за нив. Идните асистенти добија меѓународно признаен сертификат, кои своето образование го стекнаа низ пет модули. Во првиот модул идните асистенти се запознаа со болеста, во вториот со институциите за нега и грижа на болните од оваа болест, а во третиот модул со личната хигиена, исхраната, негата и сето она за што треба да се води сметка за штитениците со деменција или Алцхајмерова болест. Четвртиот модул ги опфати помошта и поддршката, додека петиот модул се однесуваше на комуникацијата и интеграцијата во средината на штитеникот, за да може да функционира во општеството“, истакнува Лукароска.

Кандидатите кои ја посетуваа наставата, велат дека ваквата обука е добредојдена за сите оние кои што сакаат да се грижат за лицата со Алцхајмерова болест, за преквалификација, за стекнување на нови знаења, како и за формирање на здруженија кои ќе пружаат нега и помош во домовите на корисниците.

Се смета дека во земјава живеат околу 20.000 лица со Алцхајмерова болест, а заедно со другите деменции, бројката е двојно поголема.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …