Прилеп го одбележа патронот на градот, Свети Никола

Прилеп го одбележа патронот на градот, Свети Никола

Со одржувањето на празничната божествена литургија во црквата „Свето
Благовештение“, Општина Прилеп по 13-ти пат го организираше одбележувањето
на градската слава „Свети Никола“. Празнувањето продолжи пред параклисот на
Свети Никола во центарот на градот, каде се изврши водосвет и прережување на
славскиот колач.

Обраќајќи се пред присутните граѓани, градоначалникот Јованоски рече дека
чествувањето на градската слава е во духот на еднаквоста и хуманоста, дека
годинава ќе се чествува на едно место, без поделби на “избрани“ и “обични“
граѓани.

Прилеп го одбележа патронот на градот, Свети Никола„Ќе се дружиме овде во центарот на градот крај подготвената празнична трпеза,
сите заедно. Ние сите сме граѓани на овој град. И правото и привилегијата да го
чествуваат празникот, ја има секој граѓанин подеднакво. Во духот на патронот на
Прилеп, свети Никола, којшто е познат заштитник на морнарите, на сиромашните,
Општина Прилеп својата грижа ја насочи кон граѓаните со ретки болести.
Средствата што ќе бидат собрани од традиционалниот хуманитарен
светиниколски турнир во мал фудбал, ќе бидат доделени на нашите граѓани, деца
со ретки болести, меѓу нив и на оние со цистична фиброза. Општина Прилеп
годинава е иницијатор и на хуманитарната акција „Подај рака-биди човек“, што ја
реализираа волонтерите од здружението „Епилепсија Македонија“ и од
општинската организација на Црвен Крст. Донациите од граѓаните во неколкуте
маркети во градот, беа спакувани и со помош на стручните служби на
Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, овие хуманитарни пакети веќе се
наоѓаат во 11 семејства, кои се соочуваат со сериозни социјални проблеми“,
изјави градоначалникот Јованоски.

Домаќин на годинешното чествување беше семејството на градоначалникот Илија
Јованоски, кое за бројните посетители подготви посна трпеза, со традиционалните
светиниколски сарми, грав, посни специјалитети и пијалоци. Виолета Јованоска,
сопругата на градоначалникот Јованоски, напомена дека „Свети Никола“ е и нивна
семејна слава, која денеска се прославува во име на заедништвото, со подадена
рака и чисто срце.

„Во името на заедништвото, со почит, со љубов, со подадена рака, со чиста
мисла, со големо срце, денес да го прославиме овој свечен ден. Ве поканувам на
посната трпеза, заедно да го чествуваме овој светиниколски ден. Голема чест и
големо задоволство на целото мое семејство е што сме домаќини на градската
слава ‘Свети Никола’“, рече Јованоска.

Во име на идните домаќини на градската слава, семејството Небрежанец, на
присутните им се обрати Кирил Небрежанец, кој го истакна задоволството од
укажаната чест.

„Честита слава на целата општина. Честита слава на фамилијата Јованоски,
благодарам што ја добив честа јас и моето семејство да го имаме кумството за
наредната 2019 година“, изјави новиот домаќин, Кирил Небрежанец.

Митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар, рече дека пораката која денеска
ја испраќа до присутните, е да го следиме примерот на Свети Никола, патрон и
заштитник на општина Прилеп.

„Неговите добри дела, неговото правило за верата, да ја штитиме православната
вера, исто така да бидеме пример на кроткоста, да бидеме чесни и
достоинствени, болката на другите да ја прифатиме како наша болка. Тој е
начинот да се измириме меѓу сите нас и секако да бидеме како што и тој бил,
учител на воздржувањето, воздржувајќи се од се’ што е потребно за нашето
спасение“, истакна г.Петар.

Прочитајте повеќе

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат …