Прилеп го одбележа Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија

Прилеп го одбележа Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија

Здружението „Епилепсија Македонија“ со поддршка на Општина Прилеп
денеска на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ го одбележаа
Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија т.н. „Виолетов ден“. Со
пригодна манифестација ученици од средните училишта облечени во
виолетови маички, знаменца и со виолетови симболи, испратија пораки до
граѓаните, за зголемувањето на свесноста за поголема грижа, бришење на
стигмата во заедницата и конструктивни социјални решенија за граѓаните со
епилепсија.

„Здружението ‘Епилепсија Македонија’ под мото „Различни, а сепак исти“ и јас
како градоначалник и Општина Прилеп даваме несебична поддршка. Сакаме
системот да биде успешен, да работиме на подобрување на инклузивноста на
овие луѓе, вклопување во сите полиња на општественото живеење, а со тоа да
ја спречиме и дискриминацијата која се врши. Државата и ние како Општина ќе
се залагаме и во иднина, да се решава нивниот социјален статус“, порача
градоначалникот Илија Јованоски.

Според информациите на Светската здравствена организација на ниво на РМ
се евидентирани повеќе од 25 илјади лица со епилепсија,

Според параментрите на Светската здравствена организација само во градот
Прилеп има 750 лица со епилепсија, а на ниво на општина и до 1.000 граѓани.

„Постоиме веќе пет години и се судираме со истите проблеми. Општеството и
институциите полека се сензибилизираат, но остануваат бариерите кај лицата
со вакво нарушување. Говорењето отворено на оваа тема е сеуште проблем
како и свеста за епилепсијата“, вели Дејан Бунески, претседател на
здружението „Епилепсија Македонија“.

На овој ден, луѓето од целиот свет носат виолетова боја за да дадат поддршка
на лицата со епилепсија.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …