„Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“ - проект за промоција на историското наследство на општина Прилеп

„Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“ – проект за промоција на историското наследство на општина Прилеп

Утревечер, четврток 29 јули со почеток во 19 часот, во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи завршниот настан од проектот „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“.

На настанот ќе бидат промовирани 360° виртуелни прошетки и документарни видеа за Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски-Питу“, Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ и спомен паркот на Револуцијата, а настанот ќе биде збогатен со изложба на фотографии.

Основна цел на проектот е промоција на историското наследство на општина Прилеп од времето на НОБ, преку користење на иновативни промотивни алатки, поттикнување на туристичката промоција за поддршка на локалниот економски развој и на НУ Завод и Музеј – Прилеп за промоција на историското наследство на Општина Прилеп, како и поддршка на претприемачите од фотографската и видео дејноста во општина Прилеп, за намалување на последиците предизвикани од Ковид-19 кризата.

Проектот е поддржан од Владата во рамките на програмата „30 години независност на Северна Македонија“, а е имплементиран од Фан Продукција 2004.

Прочитајте повеќе

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе го поддржи најавениот протестен …