Прилеп ја одбележа 30-годишнината од Денот на независноста, 8 Септември

Со полагање цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто и Могилата на непобедените, Општина Прилеп го одбележа 8 Септември, Денот на независноста.

Во своето обраќање пред Могилата на непобедените, во Паркот на револуцијата, градоначалникот Илија Јованоски потенцираше дека во поновата историја на македонската држава, не постои посветол и позначаен датум од 8. Септември 1991 година.

„Вековниот стремеж на илинденците и борците од НОБ, сегашните генерации, добиената независност пред 30 години треба да ја оправдаме со нашето однесување, со нашата работа, со желбата за успех и напредок на нашата држава. На генерациите кои доаѓаат треба да им оставиме аманет да ја сакаат татковината, да ја чуваат и бранат. Нека е честит и за многу години Денот на независноста, 8 Септември“, рече Јованоски.

Покрај делегацијата на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Јованоски, на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на македонската држава присуствуваа и претставници на Советот на општина Прилеп, Сојузот на борци и на политички партии.

На референдумот одржан на 8.Септември 1991 година, од вкупно 1.495.626

граѓани со право на глас, на гласање излегле 1.132.981 граѓани или 71.85

отсто, од кои 1.079.308 односно 95,09 отсто, се изјасниле позитивно по референдумското прашање.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, …