Од 25 до 27 септември, Општина Прилеп ќе биде дел од најголемиот светски настан за женското здравје Race for the Cure. Овој настан им помага на организациите за рак на дојка во Европа, да обезбедат средства и да ја подигнат јавната свест за оваа болест.

Во таа насока, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на „БОРКА – За секој нов ден“, Биба Додева, остварија средба на која ги договорија деталите околу организацијата и вклучувањето на Прилеп во настанот Race for the Cure.

Со 500.000 ново дијагностицирани и 130.000 починати од рак на дојка во Европа на годишно ниво, како и над 1.200 нови случаи и повеќе од 400 починати само во нашата држава, средствата собрани од овој настан се од клучно значење.

За таа цел, оваа година се организираат 30 трки во 30 земји во Европа, со вкупно 300.000 учесници. Кризата со коронавирусот беше инспирација за здружението за борба против ракот „БОРКА – За секој нов ден“, заедно со европската непрофитна организација за борба против ракот на дојка, Think Pink Europe, да ја издигнат трката на повисоко ниво.

За таа цел, поканети се сите земји во Европа да учествуваат во дигиталната трка Race for the Cure, преку подигнување на јавната свест, да им се помогне на пациентите со рак на дојка и на здравствените работници.

За прв пат, настанот во нашата држава ќе се одржи во 14 градови, меѓу кои и во Прилеп. Race for the Cure, трката и прошетката, ќе се одвива во текот на три денови, со главен настан кој ќе се одржи на 27 септември.

борба против ракот „БОРКА – За секој нов ден“, заедно со европската непрофитна
организација за борба против ракот на дојка, Think Pink Europe, да ја издигнат
трката на повисоко ниво.