Прилеп ќе биде домаќин на 11 Светско првенство во параглајдинг

Прилеп ќе биде домаќин на 11 Светско првенство во параглајдинг

Од 6 до 16 октомври оваа година, Прилеп ќе биде домаќин на 11 Светско првенство во параглајдинг, во дисциплината прецизно слетување.

На таа тема, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска разговараше со Мартин Јованоски, еден од најдобрите светски параглајдеристи, кој на неодамнешниот Светски куп во Турција го освои првото место. Истовремено, Мартин е и претседател на Комисијата за параглајдинг – прецизно слетување, при Светската воздухопловна федерација (ФАИ).

Прилеп ќе биде домаќин на 11 Светско првенство во параглајдинг

Со цел Прилеп да биде достоен и успешен организатор на ова, во светски рамки, исклучително спортско натпреварување, како што најави градоначалникот Јованоски, Општина Прилеп ќе му даде целосна логистичка поддршка на организаторот.

На претстојното Светско првенство ќе учествуваат 130 натпреварувачи, од рекорден број на земји учеснички, 31. Натпреварите ќе се одржуваат на спортскиот аеродром во с.Мало Коњари и во близина на манастирот Трескавец.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …