Прилеп: Масовна поддршка за кандидатот за Претседател на државата, Стево Пендаровски

Пишува: Зоран Милошески

Во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Прилеп, денеска започна собирањето потписи за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски.

Според информациите од подрачното одделение на ДИК, но и од состојбата на лице место, граѓаните на Прилеп масовно излегуваат за да го дадат својот потпис за Пендаровски. Само во првите 4-5 часови после отворањето на подрачната канцеларија на ДИК, својот потпис за кандидатурата на Пендаровски за Претседател на државата, го дале повеќе од 500 граѓани на општина Прилеп.

Меѓу нив беше и претседателот на Совет на општина Прилеп и прв човек на прилепските социјалдемократи, Миле Талевски кој на својот фејсбук профил напиша:

„Се потпишав за кандидатурата на идниот Претседател Стево Пендаровски. Човекот кој ќе го врати достоинството на функцијата Претседател на државата. Докажан човек кој не’ обединува сите нас во визијата и напорите за европска Македонија“.

Својот потпис за поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски, граѓаните ќе можат да го дадат и во следните два дена, петок и сабота, во подрачното одделение на Државната изборна комисија која се наоѓа во стариот објект на Општина Прилеп, и тоа од 9 до 19 часот.

Истовремено, на официјалната веб страница и во сите 80 подрачни канцеларии на ДИК, граѓаните можат да направат увид на податоците во Избирачкиот список и, доколку е потребно, да побараат внесување, измена, дополнување или бришење на податоците.

Увидот во Избирачкиот список ќе трае до 14 март.

 

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …