Прилеп: На трансакциските сметки на граѓаните префрлени субвенционираните средства за инвертори и велосипеди

Прилеп: На трансакциските сметки на граѓаните префрлени субвенционираните средства за инвертори и велосипеди

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски ги потпиша налозите за исплата на средствата за субвенционирање на инвертор клими и велосипеди. Тоа значи дека на трансакциските сметки на граѓаните кои ги исполнија условите пропишани со Јавниот повик, вкупно 612 на број, Општина Прилеп префрли 4.5 милиони денари буџетски средства.

Како што соопшти на денешната прес конференција градоначалникот Јованоски, согласно Јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уред-инвертори, поднесени биле 335, а одобрени 307. За субвенционирање, пак, на велосипеди пристигнале 315 барања, а одобрени 305.

Причина за неприфаќање на 28 апликации за клими и 10 за велосипеди, се неисполнување на критериумите и условите од јавниот повик и Правилникот за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на клима уреди и велосипеди.

„Со издвоените 4.5 милиони денари од буџетот на Општината, директно придонесовме за заштеди во семејниот буџет на 612 семејства од нашата општина. Покрај финансиските придобивки за граѓаните, со издвоените буџетски средства придонесуваме за поткревање на јавната еколошка свест и совест, како и за заштита на животната средина во нашата општина“, истакна градоначалникот Јованоски.

Списоците со имињата на апликантите на Јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уред-инвертори и велосипеди, ќе бидат објавени на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk како и на огласната табла во Општината.

Важна информација за граѓаните на општина Прилеп, е дека оваа сабота се отвора Градскиот пазар. Во традиционалниот саботен пазарен ден, пазарот ќе биде отворен од 7 до 15 часот, со примена на сите протоколи за заштита од вирусот КОВИД-19.

На денешната прес конференција градоначалникот Јованоски информираше дека после продолжениот празничен викенд, односно од вторник 26 мај, повторно се воведува јавниот градски превоз, при што во функција ќе биде ставена вонредната неделна линија, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот.

Што се однесува до денешната состојба со коронавирусот, во општина Прилеп денеска има двајца оздравени и еден новозаболен случај. За жал, борбата со подмолната болест ја загуби уште еден жител на Прилеп.

На Инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на коронавирус, а двајца се сместени во делот за изолација.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …