Прилеп – најеколошка општина во Македонија за 2018 година

Прилеп – најеколошка општина во Македонија за 2018 година

Прилеп е избран за најеколошка општина, а градоначалникот Илија Јованоски за најеколошки градоначалник во Македонија за 2018година, на конкурсот што го објави компанијата „Пакомак“. Градоначалникот Илија Јованоски денеска во Стопанската комора во Скопје ја прими оваа престижна награда. На второ место, по Прилеп е Општина Кавадарци, а третото место рамноправо го делат општините: Центар и Карпош.Градоначалниците на сите овие општини денеска ги примија наградите,како потврда дека во општините во Македонија  веќе се имплементираат бројни мерки и активности коишто придонесуваат за почиста, поздрава животна средина.

Градоначалникот на Прилеп, Јованоски, којшто ја понесе титулата најеколошки градоначалник во Македонија, со обемната еколошка агенда реализирана во текот на минатата година,со својот тим, практично овозможи општина Прилеп, да биде добитник на ова признание, а наградата на „Пакомак“ е модерно детско игралиште направено од еколошки материјали. Дополнително ќе биде изберена локацијата каде што ќе биде поставено игралиштето.

„Пред сè сакам да се заблагодарам за наградата на „Пакомак“. Да се заблагодарам за досегашната соработка со „Пакомак“, а воедно очекувам уште поквалитетна соработка во иднина. За мене и за Општина Прилеп, приоритет е заштитата на животната средина. Изминатиов период докажавме дека со добар план и посветеност, можеме да ги канализираме активностите во насока на обезбедување што подобри услови за живот, подобра еко-средина за сите. Спроведуваме програми кои се однесуваат на заштита на животна средина, како Стратегија за климатски промени и Програма за енергетска ефикасност, меѓутоа реализираме и конкретни мерки и активности кои значат намалување на аеро-загадувањето“, вели градоначалникот Илија Јованоски.

Прилеп – најеколошка општина во Македонија за 2018 година

Критериумите на „Пакомак“ се однесуваат на реализација на активностите во општините од аспект на: количина на собран и селектиран амбалажен отпад, амбалажно стакло, одвоени средства од општинскиот буџет предвидени за екологија, реализирани еколошки проекти, како и проекти поврзани со еко-фасади, соларни панели и слично, зголемен број на зелени површини, еколошки акции, грижа за урбана опрема, спроведување на условите за големите загадувачи и други значајни мерки, што битно влијаат врз генералната еколошка слика во секоја општина.

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …