Прилеп: Населбата „Ѓогдере“ добива нови зелени површини и хортикултурно уредување

Прилеп: Населбата „Ѓогдере“ добива нови зелени површини и хортикултурно уредување

Предуслов за изградба на зелени површини, зеленило и хортикултура, е да се обезбеди техничка вода за нивно полевање. Од денеска, ЈКП „Комуналец“ започна со градежни активности за инсталирање на водоводна мрежа на сите површини помеѓу зградите во населбата „Ѓогдере“. Поставена е пумпна станица во ископаниот бунар со издашност од 9 литри во секунда, кој во целост ќе ги задоволи потребите за полевање на предвидените површини.

Планирано е да се обноват зелените површини, да се постават нови клупи и корпи за отпадоци и да се изврши ново хортикултурно уредување. Од следната пролет овие зелени површини ќе се полеваат, со што ќе се обезбеди поквалитетен живот на граѓаните, а воедно ќе се подобри и визулениот изглед. Комплетната зелена површина во комплексот згради „Ѓогдере“ изнесува 11.641 м2.

Парковските површини  ќе ги обновува ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, а финансиските средства ќе ги обезбеди Општина Прилеп, преку Програмата за одржување на паркови, зеленило и парк шуми и Програмата за изградба и подигање на зелени површини, а согласно Законот за јавна чистота и Законот за зеленило.

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …