Прилеп: Наставничка и 20 ученици од второ одделение ставени во самоизолација

Прилеп: Наставничка и 20 ученици од второ одделение ставени во самоизолација

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток,15-ти октомври:

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 25 нови случаи на коронавирус, а 14 лица оздравеле од заразната болест;
  • Бројот на активни случаи изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 420 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 864.

После потврден случај на наставничка инфицирана со коронавирус во едно од основните училишта во Општина Прилеп, постапено е согласно протоколите за работа во основните училишта. Со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, наставничката и 20 ученици од второ одделение од прилепското основно училиште, ставени се во самоизолација во траење од 14 денови.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …