Прилеп: Нов асфалт за улиците „Самоилова“ и „Војводинска“ во населбата Точила

Прилеп: Нов асфалт за улиците „Самоилова“ и „Војводинска“ во населбата Точила

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска на терен изврши увид врз градежните активности што се изведуваат на улиците „Самоилова“ и „Војводинска“ во населбата Точила, со кои овие две улици ќе бидат реконструирани со нов слој на асфалт, по целата нивна должина.

Денеска, градежните екипи започнаа со алсфалтирање на првата од двете коловозни од улицата „Самоилова“, кои ќе бидат обновени со нов слој на асфалт во вкупна должина од 1,4 километри. Двете коловозни ленти оваа улица, имаат широчина од по 6 метри.

Паралелно, на „Војводинска“ се работи на отстранување на стариот слој на асфалт и се прават неопходните подготовки за асфалтирање на оваа улица, во должина од 700 метри.

Двете улици кои ја поврзуваат населбата Точила со останатиот дел од градот, беа во исклучително лоша состојба и со голем број на ударни дупки. Со нивната реконструкција, улиците „Самоилова“ и „Војводинска“ довиваат целосно нов лик, а граѓаните на Прилеп добиваат две новоасфалтирани улици по сите современи стандарди, во вкупна должина од 2,1 километри.

Општина Прилеп, продолжува со интензивна реализација на програмата на Програмата за инфраструктурно уредување на градот и населените места.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …