Прилеп: Соопштени имињата на добитниците на Третоноемвриските награди

Прилеп: Соопштени имињата на добитниците на Третоноемвриските награди

Во просториите на Општина Прилеп денеска се оддржана прес конференција, на која Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници ги соопшти  овогодишените добитниците на плакети и дипломи  „3 Ноември“.

Оваа година по повод Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат три награди за животно дело – Златна плакета. Награда за животно дело му се доделува на Илија Адамоски, истакнат општествен работник и, постхумно, на  Драган Попоски-Дада, доајен на македонската современа скулптура и Тачко Локвенец, новинар, писател и публицист.

Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници покрај наградата за животно дело, додели и 4 плакети и 7 дипломи.

Награди – Плакети по повод 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:

• Младост 96, за достигнувања во областа на спортот;

• Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, за постигнати значајни резултати и достигнувања за подобар живот во локалната заедница;

• Здружение за правна едуација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т Прилеп, за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права;

• Фирма МИНАС Прилеп, за негување на занаетчиството;

Награди – Дипломи по повод 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на:

• Георги Стале Поповски, за достигнувања во областа на книжевноста и преведувачката дејност;

• Блага Тутеска, за достигнувања во областа на образованието и литературата;

• Круме Пирганоски, за достигнувања во областа на образованието и информатичката технологија;

• Божана Тренческа, за достигнувања во областа на литературата;

• Димче Велкоски, за достигнувања во областа на воздухопловното, спортско и ракетно модуларство;

• Пулексенија Јованоска, за особен придонес во промоцијата на карате спортот во светски рамки;

• Јовица Нешкоски-Фризерот (постхумно), за негување на фризерскиот занает;

Наградите на годинешните добитници  ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на Општина Прилеп, која ќе се одржи во среда, 3-ти ноември, во големата сала на Општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …