Прилеп: Од 28 до 30 август, прв Pletvar Outdoor Festival 2020

Прилеп: Од 28 до 30 август, прв Pletvar Outdoor Festival 2020

Во организација на спелеолошкиот клуб „Златоврв“- Прилеп и извидничкиот одред „Феникс“, од 28 до 30 август во околината на с.Плетвар ќе се одржи првиот Pletvar Outdoor Festival 2020.

Настанот има за цел да понуди возбудлива авантура за сите возрасни категории, запознавање со околината на Прилеп, дружба меѓу љубителите на планината, подобрување на веќе стекнатите вештини во природа, размена на искуства и стекнување на нови знаења.

Дел од активностите кои посетителите и учесниците на фестивалот ќе имаат можност да ги искусат, се искачување на врвот Козјак (1747м) и посета на пештерата Дуова, кратка планинарска тура за почетници, велосипедска тура, слеклајн, стреличарство, игри во природа и скриено богатство за најмладите, сини часови јога, качување и спуштање со јаже, итн.

Pletvar Outdoor Festival 2020 ќе биде своевидна атракција од многу аспекти, почнувајќи од создавање на здрави навики кај младите, здрав начин на живот, промоција на разни спортови: планинарење, велосипедизам, планинско трчање, стрелаштво, стреличарство, како и многу забавни содржини.

Како што нагласуваат организаторите, настанот ќе се одржи во согласност со сите препораки и протоколи на Комисијата за заразни болести и Миинистерството за здравство за заштита од Ковид-19.

Прилеп: Од 28 до 30 август, прв Pletvar Outdoor Festival 2020

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …