Прилеп: Од утре, четврток 12 март, времено се укинува бесплатниот јавен градски превоз

Прилеп: Од утре, четврток 12 март, времено се укинува бесплатниот јавен градски превоз

Известување од Јавниот градски превоз при ЈП за ПУП Прилеп:

Јавниот градски превоз при ЈП за ПУП Прилеп во координација со Општина Прилеп, ги информира сите корисници на јавниот градски превоз дека од утре, четврток 12.03.2020 година, нема да важи бесплатниот превоз за ученици, а исто така нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год).

Укинувањето на бесплатниот превоз за посочената категорија корисници, е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се’ до наредните препораки.

Прочитајте повеќе

Ова ВМРО или она ВМРО

Ова ВМРО или она ВМРО

Во јавноста почнаа да се прават споредби за времето кога Груевски стана премиер и стоте …