Прилеп: Одбележана 98 годишнината од убиството на Ѓорче Петров

Прилеп: Одбележана 98 годишнината од убиството на Ѓорче Петров

Денеска се навршија 98 години од убиството на идеологот на Македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров. По тој повод, пред споменикот на Ѓорче во центарот на градот, цвеќе положија градоначалникот Илија Јованоски, претставници на Советот на општина Прилеп, на средното општинско училиште кое го носи името на револуционерот, Сојузот на борци – Прилеп и на политички партии.

Исто така, свежо цвеќе беше положено и пред спомен плочата на родната куќа на Ѓорче Петров, во населбата Варош.

Прочитајте повеќе

Герила акција на Партизанска, поставена чекална – симбол на корупцијата во здравството

Герила акција на Партизанска, поставена чекална – симбол на корупцијата во здравството

Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу …