Прилеп: Промоција на документарниот филм „Поддршка за легализација на ромското домување – мапирање на разликите“

Прилеп: Промоција на документарниот филм „Поддршка за легализација на ромското домување – мапирање на разликите“

Денеска во Општина Прилеп се одржа промоција на документарниот филм „Поддршка за легализација на ромското домување – мапирање на разликите“. Целта на проектот е подобрување на условите и легализација на домовите на ромските семејства. Проектот е финансиран од ЕУ, во рамките на програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество за 2016-2017 година.

„Целата на денешната наша посета е промоција на документарниот филм и промоција на проектот ‘Поддршка за легализација на ромското домување – мапирање на разликите’, кој се спроведува во 7 општини на територија на нашата држава меѓу кои е и Општина Прилеп. Останатите се Куманово, Велес, Кичево, Кочани, Штип и скопската општина Чаир. Сакаме да ги покажеме сите претходни анализи и изјавите на ‘градските татковци’ од овие 7 општини во врска со легализацијата на ромското население, за нивните приоритети, со еден збор да ги покажеме добрите примери за решавање на овие проблеми“, посочи Рамуш Муарем, координатор на проектот.

Документарниот филм е под – грант на проектот „Поддршка за легализација на ромското домување“, имплементиран од страна на Здружението Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија (ЗРДИЦМ).

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …