Прилеп: Седум здравствени работници во гинеколошкото одделение инфицирани со Ковид-19, одделението функционира со намален персонал

Прилеп: Седум здравствени работници во гинеколошкото одделение инфицирани со Ковид-19, одделението функционира со намален персонал

Директорот на прилепската Општа болница „Борка Талески“, Драги Богојески, денеска информираше за состојбата во Гинеколошко-акушерското одделение, каде 7 здравствени работници се инфицирани со КОВИД-19, од кои 4 се болничарки и 3 медицински сестри.

„Инфекцијата е внесена од надвор од една болничарка и е раширена меѓу останатиот персонал. Воедно, направено е тестирање на сите здравствени работници во Гинеколошко Прилеп: Седум здравствени работници во гинеколошкото одделение инфицирани со Ковид-19, одделението функционира со намален персоналодделение. Во изолација има 9 здравствени работници, од причина што се нотирани како здравствени работници со висок ризик, кои биле во близок контакт со вработените кои се позитивни. Во соработка со раководителот и главната сестра на Гинеколошкото одделение, работата е организирана и одделението продолжува да функционира со намален број на персонал. Се изведуваат сите породувања, а воедно одделението ги извршува сите услуги кон пациентите од Прилеп и регионот“, изјави Богојески.

Тој рече дека персоналот во Гинеколошко-акушерското одделение е опремен со сите заштитни средства кои се неопходни за работа со пациенти, со што можноста некој од пациентите да се зарази со коронавирус е сведен на минимум.

Богојески ги демантираше наводите на одредени медиуми дека болничарката од која се раширил вирусот, криела дека е заразена. Таа, како што рече директорот на болницата, имала симптоми на настинка и не се сомневала дека е инфицирана од коронавирус, од причина што како што самата мислела, немала контакт со заболен од заразната болест. Првиот момент кога била констатирана заразата, таа била отстранета од работното место.

Директорот на Општата болница „Борка Талески“, Драги Богојески, потенцираше дека освен првозаразената болничарка која се наоѓа на лекување во Инфективното одделение, сите останати здравствени работници кои се заразени со КОВИД-19, се со лесна клиничка слика и се наоѓаат на домашно лекување.

Сите останати одделенија во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, функционираат нормално и со полн капацитет.

Прочитајте повеќе

Ова ВМРО или она ВМРО

Ова ВМРО или она ВМРО

Во јавноста почнаа да се прават споредби за времето кога Груевски стана премиер и стоте …