ПРИЛЕП: СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО УЧЕБНАТА 2020/2021

Запишувањето во средните училишта во општина Прилеп ќе се реализира во термините 16, 17 и 18 јуни од 07 часот до 19 часот, а на 19 јуни од 07 часот до 13 часот.

Запишувањето според протоколот на Министерството за образование и наука за упис на учениците оди по следниот редослед, ПО АЗБУЧЕН РЕД НА ПРЕЗИМЕТО и тоа:

– на 16 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од А до Ѕ;

– на 17 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од И до П;

– на 18  јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од Р до Ш;

– на 19 јуни сите ученици кои поради различни причини не успеале да се запишат во претходните три термини, без разлика на презимето.

При уписот строго ќе се почитуваат правилата според уредбата на Владата на Република Северна Македонија, со обврзно  носење на заштитни маски и држење на растојание од 2 метри.

Пријавата за упис ќе биде доставена до секој деветтоодделенец во неговото училиште, при доделувањето на сведителствата за завршено деветто одделение.

Пријавата треба да биде пополнета од страна на ученикот и заедно со сведителствата за

VI, VII, VIII и IX одделение, извод од матичната книга на родените и диплома за највисоко освоено место на државни и меѓународни натпревари.

Комплетните документи ги доставува самиот ученик, или во оправдани ситуации на негово отсуство, еден од родителите или старателите.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …