Прилеп: Состанок на Оперативниот штаб за заштита и спасување

Прилеп: Состанок на Оперативниот штаб за заштита и спасување

На иницијатива на градоначалникот, Илија Јованоски денеска во Општина Прилеп е одржан состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување,со цел што поголема мобилност и превенција на последици од можни катастрофи.

„Не треба да не изненади ниту една ситуација.Како Општина и како Оперативен штаб за заштита и спасување,треба да бидеме постојано мобилни, да има синхронизирана соработка на сите надлежни претпријатија на локално и централно ниво, да биде воспоставена соработка и со приватните фирми,со цел да се знае кои нивни ресурси би биле ставени на располагање при појава на евентуални несакани ситуации“, порача градоначалникот Илија Јованоски.

Согласно со Законот за заштита и спасување, градоначалникот ја има функцијата и на командат на Општинскиот штаб, а претседателот на Советот ја презема обврската на началник на штабот.

На овој состанок е договорено согласно со законските регулативи да се ажурираат оперативните планови, како и севкупните ресурси коишто би биле ставени на располагање во услови на евентуална појава на кризни ситуации.

Градоначалникот Јованоски и претставниците од подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување -Прилеп, ја акцентираа потребата од целосна кадровска екипираност на службите, како и ажурирање на Планот за заштита и спасување на Општина Прилеп.

Синхронизираната и перманента соработка на надлежните од сите служби е елементарен услов за успешна имплементација на Општинаскиот план за заштита и спасување. Ова е констатација од денешната средба, на која што се преземени конкретни обврски.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …