Прилеп: Во петок, граѓански марш во чест на паднатите борци

Прилеп: Во петок, граѓански марш во чест на паднатите борци

По повод Денот на народното востание 11.Октомври, Општина Прилеп ја возобновува традицијата на организирање граѓански марш до Могилата на непобедените.

За таа цел, во петок 11.Октомври, во рамките на Програмата за одбележување на 78 годишнината од почетокот на вооруженото востание, локалната самоуправа го организира настанот „Во чест на паднатите борци: Марш од Участакот до Паркот на револуцијата“.

Маршот ќе започне во 8.30 часот од меморијалниот музеј „11.Октомври“, односно Участакот, после што учесниците ќе се упатат кон Паркот на револуцијата, каде делегации на локалната самоуправа, градоначалникот, Советот на општина Прилеп, политички партии и здруженија на граѓани ќе положат цвеќе во Алејата на народните херои, споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените.

Општина Прилеп ги повикува сите граѓани да земат учество во маршот и на тој начин да им оддадат почит на борците кои ги положиле своите животи во антифашистичката борба.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …