Прилеп: Досега од коронавирусот се инфицирани тројца здравствени работници, од понеделник привремено се затвора и „Гентерм“

Прилеп: Досега од коронавирусот се инфицирани тројца здравствени работници, од понеделник привремено се затвора и „Гентерм“

Информации за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, сабота 4-ти април:

  1. Во самоизолација се наоѓаат 134 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.
  2. Граѓаните го почитувале полицискиот час, не се забележани никакви прекршувања.
  3. Според последната информација, еден од лекарите во Инфективното одделение е позитивен на тестот за коронавирус, другиот лекар се наоѓа во самоизолација. Од понеделник, 6-ти април, Инфективното одделение ќе функционира согласно Оперативниот план за работа во услови на епидемија, односно пандемија и тогаш ќе биде утврдено дали постои потреба од дополнителен ангажман на медицински персонал од други одделенија во болницата.
  4. Досега од коронавирусот се инфицирани три лица од здравствените институции во градот, вклучувајќи го и лекарот од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар.
  5. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ се наоѓаат три лица заразени со коронавирус и сите се со средна клиничка слика.
  6. Еден од административните работници во компанијата „Гентерм“ е позитивен на тестот за коронавирус, заради што од понеделник, 6-ти април, фабриката ќе биде привремено затворена.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …