„Прилепска Пиварница“ донираше возило за чистење на улиците

„Прилепска Пиварница“ донираше возило за чистење на улиците

„Прилепска Пиварница“ демонстрира висок степен на општествена одговорност во функција на почист Прилеп. Нов автомобил машина за метење улици од денеска е ставен на располагање на ЈКП „Комуналец“, со цел почисти улици во градот и намалување на штетните ПМ 10 честички. Оваа новина е плод, на соработката на градоначалникот Илија Јованоски и менаџментот на „Прилепска Пиварница“.

Генералниот директор на „Прилепска Пиварница“ Сашо Самарџиоски истакнува дека ќе ја продолжи соработката со Општина Прилеп, зашто само со успешна соработка и  взаемно разбирање со новата локална гарнитура и градоначалникот Илија Јованоски, може да се даде максимален придонес не само во реализација на развојните планови на компанијата, туку и во развојот на заедницата.

Градоначалникот Јованоски, заблагодарувајќи се на „Прилепска Пиварница“, ги повикува и другите претпријатија коишто имаат одреден фонд за помош на заедницата да го дадат својот придонес за поубав Прилеп.

„Прилепска Пиварница со овој чин ја демонстрираше својата општествена одговорност. А, ефектот го имаат сите граѓани. Ставајќи ја оваа автомобил машина на располагање на ЈКП ‘Комуналец’, пиварницата станува пример, како може средствата од овој фонд да се искористат за доброто на сите граѓани, за целата заедница“,рече градоначалникот Јованоски.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …