Прилепската болница и службата за Итна медицинска помош ги добија првите заштитни штитови за лице

Прилепската болница и службата за Итна медицинска помош ги добија првите заштитни штитови за лице

Општина Прилеп денеска ги испорача првите заштитни штитови за лице, кои се дело на прилепската фирма „Ипринт“. Градоначалникот Илија Јованоски на директорот на Општата болница „Борка Талески“, Драги Богојески, му предаде педесетина штитови, кои се наменети за персоналот на заразното одделение, како и за лекарите специјалисти и останатиот медицински персонал кој е во непосреден контакт со пациентите.

Како што истакна директорот Богојески, заштитните штитови ќе се користат во ситуација кога здравствените работници се во контакт со лица заболени од коронавирусот, или со други пациенти за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирус.

Заштитни штитови добија и вработените во Итната медицинска помош, кои во новонастаната ситуација со пандемијата, имаат потреба од дополнителна заштита.

Градоначалникот Јованоски изрази надеж дека лекарите и останатите медицински лица нема да имаат потреба од користење на штитовите на лице, но од превентивни причини, во текот на утрешниот и следните денови, здравствените установи од Прилеп ќе добијат онолку заштитни штитови колку што им се потребни.

Од „Ипринт“ велат дека ќе ја интензивираат изработката на заштитни штитови и дека во соработка со фирмите „Резонатор“ и „Графика Дизајн“, на дневна основа ќе произведуваат значително поголеми количини на штитови кои, идентично како и заштитните маски, Општина Прилеп ќе ги распределува според приоритети.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …