Прилепската Гимназија „Мирче Ацев“ го одбележа патрониот празник

Со полагање цвеќе на Могилата на непобедените, Алејата на народните херои и пред бистата на Мирче Ацев во училишниот двор, учениците и професорите од прилепската Гимназија го одбележаа својот патрон празник.

По повод 77 годишнината од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев, почит му оддадоа претставници на Гимназијата и касарната кои со гордост го носат неговото име, како и делегации на Сојузот на борци од Прилеп, Општина Прилеп и општинскиот Совет.

Годинава, Гимназијата „Мирче Ацев“ одбележува и еден редок јубилеј – 75 години од почетокот на наставата во старата училишна зграда, во сегашното ООУ „Кочо Рацин“, откако една година порано Президиумот на АСНОМ на своето заседание одржано на 03.11.1944 година во с.Горно Врановци, донесе решение за отворање на гимназии и учителски школи во 9 градови, меѓу кои и во Прилеп.

Чествувањата во чест на двата значајни датума Гимназијата ги започна пред десетина дена, со одржување на ораторска и поетска вечер, спортски натпревари, а завршуваат со свечена академија во театарот „Војдан Чернодрински“.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …