Прилепски „Комуналец“ со пролетна акција го средува градот

Прилепски „Комуналец“ со пролетна акција го средува градот

ЈКП  „Комуналец“ започна со пролетна акција, за да се исчисти градот од нафрланата ризла и сè што оставила зимата до престојните велигденски празнувања. Вработените во ЈКП  „Комуналец“,  покрај темелното чистење на ризлата,  почнаа и со миење на сите поголеми  сообрајкајници.

„Акцијата за чистење на градот ја почнавме од  централното градско подрачје по булеварот ‘Гоце Делчев’,па кон старо корзо, ‘Кеј 9-ти Септември’, ‘Кеј 1-ви Мај’, а ќе продолжиме со миење на улиците ‘Прилепски бранители’, ‘Марксова’, ‘Егејска’, ‘Димо Наредникот’, ‘Александар Македонски’. Ќе бидат опфатени сите поголеми сообраќајници, согласно со Програмата за работа. Покрај ова, ќе се изврши и темелно чистење на сите паркови во градот и населените места. Наскоро ќе се реализира и пролетно кастрење на дрвјата, за да им се продолжи животниот  век и за да се создаде  слободен проток за граѓаните, но и поголема естетика на дрвјата“, изјави в.д. директорот Ѕвонко Јованоски.

Од ЈКП  „Комуналец“ најавуваат дека во соработка со локалната самоуправа, ќе се исчистат  дивите  депонии, а ќе се посвети поголемо внимание и на чистењето на речното корито.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …