Жителите на улицата „Леце Котески“, при секој пороен дожд, години наназад имаа
проблем со поплавување на нивните домови. Деновиве, со чистење на каналот и
поставување цевки, ЈКП „Водовод и канализација“ се зафати со решавање на овој
сериозен проблем.

„Намерата ни е во целост да го исчистиме каналот и да поставиме цевки, а во иднина како и во сите останати делови од градот, да најдеме градежни решенија за поврзување на куќите во канализационата мрежа. Работиме и на решавање на проблемите со водоснабдувањето во дел од населените места. Така, во оној дел
од населеното место Тополчани, каде има новоизградени куќи, ја продолживме водоводната мрежа за околу 150 метри“, вели Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и канализација“.

Од јавното претпријатие истакнуваат дека продолжуваат тековните активности за
нивелирање на шахтите со коловозните површини, одржување на
канализационите шахти, а во наредниот период ќе продолжи реконструкцијата на
водоводната мрежа во градот, согласно финансиските средства со кои располага
ЈКП „Водовод и канализација“.