Прилепски „Водовод и канализација“ ги интензивира градежните работи за менување на старата градска водоводна мрежа

Прилепски „Водовод и канализација“ ги интензивира градежните работи за менување на старата градска водоводна мрежа

Градежните работи кои ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп ги презема во насока на менување на старата водоводна мрежа во градот, не престануваат и во екот на летната сезона.

Минатата недела заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Ножот“. При тоа, беа заменети старите цевки со должина од 75 метри, а истовремено беа отстранети водоводните линии кои поминуваа низ приватни имоти.

ЈКП „Водовод и канализација“ во моментов работи на реконструкција на 200 метра долгата водоводна линија на улица „Благоја Шукуроски“, при што старата поцинкувана водоводна мрежа ќе биде заменета со полиетиленска Ф 90. Со зафатот ќе бидат опфатени сите куќни приклучоци, а истовремено реконструкцијата ќе значи и подобро водоснабдување на жителите од оваа улица.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …