По повод новогодишните празници, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска го посети Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“. На вработените и децата, градоначалникот им ги честиташе Новогодишните и Божиќните празници и им посака многу љубов, здравје и успех во следната година.

За дечињата од „Ѕуница“, Општина Прилеп обезбеди новогодишни пакетчиња.

Во разговор со вработените во Дневниот центар и со стручни лица, градоначалникот Јованоски ги разгледа законските можности за отворање на вакви центри за деца со посебни потреби кои имаат над 26 години. 

Дневниот центарот „Ѕуница“ постои 16 години и него во моментов го посетуваат 17 деца на возраст до 26 години.