Прилепскиот ракомет се враќа дома - по пауза од 11 години ставена во функција Универзалната сала

Прилепскиот ракомет се враќа дома – по пауза од 11 години ставена во функција Универзалната сала

„Храмот“ на прилепскиот ракомет, на малиот фудбал и кошарката, Универзалната сала, повторно им се враќа на спортистите!

Под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, вчера беа склучени договори за изнајмување на Универзалната сала на два спортски клуба од градот.

Договорите беа склучени помеѓу АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката и двата прилепски спортски клуба: АД Ракометен клуб „Прилеп“ и Здружението Кошаркарски клуб „МЕГА БАСКЕТ“ Прилеп.

Според Генералниот директор на Друштвото, Кристијан Трајковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, основна цел на склучените договори е понатамошно успешно развививање на спортот во Прилеп, преку создавање услови за тренинг и спортски активности.

Повторното ставање во функција на спортската сала после пауза од 11 години, е од огромно значење за прилепскиот ракомет и кошарка, првенствено од аспект на подобрување на условите за тренинг.

Во времето кога поранешниот ракометен клуб „Тутунски Комбинат“ ги постигнуваше најголемите успеси и најдобрите резултати, по правило преполната Универзална сала, беше „сведок“ на голем број врвни спортски ракометни натпревари.

Нема дилема дека повторното ставање во функција на Универзалната сала, вест која во Прилеп предизвика огромна радост меѓу спортистите и љубителите на спортот, претставува крупен чекор кон враќање на ракометот и кошарката на старите патеки.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …