Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ го отвора Фестивалот на монодрамата во Битола

Утре, петок 11.мај, со претставата „Љубовни пози на историјата“ (Figurae veneris, historia) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе го отвори 20.Фестивал на монодрамата во Битола.

Битолската публика ќе има можност да ја проследи претставата која отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста. Претставата „Љубовни пози на историјата“, покажува и какви последици остава војната врз човечкиот род. Преку личните приказни на колоритните ликови кои доаѓаат од различни слоеви на општеството и ситуациите низ кои поминуваат, публиката ќе може да се препознае себеси.

Претставата „Figurae Veneris Historiae“ јасно покажува дека војната менува сѐ, тргнува во неочекувани правци, ги трансформира луѓето, ги прави  ѕверови, непрепознатливи, различни од порано. И овој пат претставата ќе потсети дека наспроти војната, лежи љубовта – единствено љубовта успева да опстои и повторно да изникне од урнатините на војната.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ЕУ е нашата единствена алтернатива, заедно со ЕУ ќе ја пребродиме економско-енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од Западен Балкан денеска учествуваше и дискутираше на втората …