• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја подготвува претставата „Демократија“

      6/11/2018
      Магазин, Македонија
      Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја подготвува претставата „Демократија“

      На матичната сцена на театарот „Војдан Чернодрински“, во тек се подготовките за претставата „Демократија!“ од  рускиот поет, нобеловец и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Јосиф Бродски. Се работи за неговото единствено драмско дело, пишувано во бурната 1989 година, време на рушењето на Берлинскиот ѕид, обединувањето на Германија, распаѓањето на Варшавскиот пакт и почетокот на распадот на Советскиот Сојуз.

      Иако драмата ја пишува во емиграција во САД, каде што заминува прогонет од советскиот комунистички режим во 1971 година, Јосиф Бродски со хируршка прецизност ги опишува тогашните состојби. Но, исто така благодарение на неговото визионерство со кое што се надарени најдобрите, ова негово драмско дело допира до нашето време со истата свежина и актуелност како да е пишувано вчера.

      „Демократија“ е политичка гротеска за една измислена земја, за едни измислени ликови, но реални проблеми кои што се совпаѓаат со проблемите на повеќето земји од Источна Европа или Западен Балкан – вели режисерот Петрески.

      Актерската екипа ја сочинуваат Марјан Чакмакоски, Димитар Георгиевски, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски и Димитрина Мицкоска. Сценограф е Зоран Николовски, музиката е на Марјан Неќак, а костимите на Розе Трајчевска.

      Претставата е дел од годишната програма на театарот, поддржана од Министерството за култура.

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      101 седница на Владата: Иницирани законски измени за решавање на проблемот со бездомните кучиња, се отвора граничниот премин „Маркова нога“
      Следно
      101 седница на Владата: Иницирани законски измени за решавање на проблемот со бездомните кучиња, се отвора граничниот премин „Маркова нога“
      Хиперпродукцијата на лаги ја покажува спрегата на ВМРО-ДПМНЕ со одредени портали што шират лажни вести
      Претходно
      Хиперпродукцијата на лаги ја покажува спрегата на ВМРО-ДПМНЕ со одредени портали што шират лажни вести

      Слично

      • 21/2/2019

        Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа, Рафаеле

        Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа, Рафаеле Кантоне
        21/2/2019

        Битола: Ефикасноста и економичноста во работењето на „Мегленци“ ќе се

        Битола: Ефикасноста и економичноста во работењето на „Мегленци“ ќе се зголемува со нова механизација
        21/2/2019

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните од 27 април
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА