Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години од формирањето

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години од формирањето

Во петок, 18 февруари, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години од формирањето. Годишнината ќе биде одбележана со изведба на претставата „Да инспекторе, Претстава со грешки“, во режија на Синиша Ефтимов, која ќе се игра на матичната сцена со почеток во 19.30 часот.

Првата претстава  на театарот „Кир Јања”, од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски, е одиграна на 18.02 во 1950 година. Низ годините се ределе премиери, се нижеле успесите и падовите на театарот, а колективот се збогатувал со искуство во секојдневната пракса. Денес театарот „Војдан Чернодрински“ е ансамбл со врвни актерски имиња.

Во досегашното опстојување, прилепскиот театар прикажал над 360 премиери, изиграл над 7.000 претстави кои ги гледале над 1.6 милиони луѓе. Најгледани и најиграни претстави се „Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски и „Од кол на кол“, исто така во режија на Коле Ангеловски, кои биле одиграни повеќе од 100 пати.

Голем успех постигнале и претставите „Силјан Штркот“, „Туѓо сакаме свое не даваме”, „Колобан”, „Молам за секс”, „Спиро Црне”, „Арсениј”, „Полковникот птица”, „Опера за три гроша”, „Змејовата невеста“ и повеќе други.

Сепак најголемиот успех е постигнат со претставата „Тапани во ноќта” од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, со која театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински“.

Низ годините, театарот „Војдан Чернодрински“ го заслужи приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори, каде за првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, Трајче Крстески, Петар Петрески…

Прочитајте повеќе

Хрватска: ХДЗ е победник - следува постизборна математика

Хрватска: ХДЗ е победник – следува постизборна математика

Формирањето влада нема да биде едноставно: според привремените изборни резултати, ХДЗ е на прво место …