Тутунски Комбинат Прилеп

Прилепскиот Тутунски Комбинат оствари добивка од 2,2 милиони евра

Тутунски комбинат АД Прилеп во 2021 оствари добивка во износ од 134,7 милиони денари, или околу 2.2 милиони евра, информира компанијата преку Македонската берза. Ова е трета година по ред, по 20 години поминати како еден од најголемите загубари во земјава, прилепскиот Тутунски Комбинат да прокнижува добивка од работењето. Во 2019 година добивката изнесуваше 39.220.000 денари, а во 2020 година 31.004.000 денари.

Според извештајот доставен до Македонската берза, во 2021 година оперативните приходи изнесувале 1.105.363 илјади денари, што претствува зголемување од 22% во однос на 2020 година, како резултат на пораст на приходите од продажба.

Истовремено, и покрај предизвиците наметнати од растот на влезните инпути, компанијата успеа да ги одржи оперативните расходи речиси на исто ниво како и претходната година. Во 2021 година, финансиските приходи на компанијата се зголемиле од 107.929.000 денари на 196.415.000 денари, што споредено со 2020 година претставува раст од 80%.

Остварената добивка е резултат на продлабочувањето на соработката со стратешкиот партнер, што придонесе последните години да се подигнат стандардите за квалитет, продуктивноста да биде на максимално ниво, да се зголемат капацитетите, а со тоа и продажбата.

Изминатите години Тутунски Комбинат Прилеп, благодарение на партнерството со Филип Морис Интернационал (ФМИ) во заедничката компанија ФМТКП, значително ја подобри инфраструктурата на производство со реновирање на производниот погон и подигнување на производствените стандарди, што овозможи и производство на нови квалитетни брендови од палетата на ФМИ. Позитивните финансиски резултати покажуваат дека компанијата ги исполнува планираните параметри, со тенденција да се продолжи со исто темпо и во наредните години.

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …