Прилепските матични лекари бараат укинување на казнената политика

Матичните лекари од Прилеп денеска излегоа на протест, со цел јавно да побараат укинување на казнената политика која, како што велат, беше одлика на нивното работење во изминатата деценија.

Во своето обраќање до премиерот, министерот за здравство и директорите на ФЗОМ, прилепските матични лекари рекоа:

„Бараме укинување на казнената политика, која беше одлика на работењето во изминатата деценија. Поради тој систем на казни, голем дел од нашите колеги незадоволството го изразија преку затворање на своите амбуланти и заминување во странство. Согласно разговорите со Светска банка и Светската здравствена организација, како и ЕУ директивите кон кои се стремиме како општество, очекуваме да се исполнат нашите барања. Примарната здравствена заштита е основен столб на здравствениот систем и важен кост бенефит за здравствената каса. Воедно, во целост го поддржуваме процесот на преговори помеѓу лекарската комора на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија“.

Очекувањата на матичните лекари од Прилеп се дека низ конструктивен и партнерски дијалог, ќе биде изнајдено прифатливо решение кое ќе биде од интерес и на пациентите, и на лекарите.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки

„Оваа Влада покажа како се зголемуваат пензиите на системски начин. Донесовме решение за зголемување на …