Прилепските наставници едногласни: Никој, па ни Регионалниот одбор на СОНК, нема право да ни го скратува членувањето во синдикатот

Пишува: Зоран Милошески

Незаконската и самоволна одлука на претседателот на Регионалнот одбор на СОНК – Прилеп, Златко Думбалоски да го оневозможи зачленувањето на поголем број наставници во синдикалните организации во институциите во кои се вработени, беше причина за нивната денешна реакција.

Како што истакна наставникот по одделенска настава, Горан Аврамоски, Регионалниот одбор на СОНК – Прилеп на 20.02.2019 година донел одлука за времено стопирање на процесот на зачленување на нови членови во синдикалните организации, со образложение дека иницијативата и намерата на наставниците од прилепските училишта за нивно зачленување во синдикатот, како што стои во Одлуката, била политички мотивирана и дека со неа се правел обид за упад на политиката во синдикатот.

„Со оваа Одлука, нам како на просветни работници, Думбалоски ни го скратува  законското право за членување во синдикатот, кое ни е загарантирано како со Устав, така и со позитивните законски прописи. Истовремено, ваквата незаконска Одлука се коси со член 185 од Законот за работни односи, каде е децидно кажано дека работникот слободно одлучува за своето стапување и истапување од синдикатот. Никој во државата не смее да биде над законот, па дури ни Думбалоски“, истакна Аврамоски..

Заради сето ова, вработените во образовните институции во општина Прилеп на кои им е скратено правото за зачленување во СОНК, поднесоа претставка до СОНК и до претседателот Јаким Неделков, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Meѓународниот синдикат за образование и до Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Прочитајте повеќе

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Таа напиша дека „пари од нечесник не сака“ и поради тоа се откажува од паричниот …